По двата силни земјотреси Албанија ја погодија поројни дождови кои предизвикаа поплави во неколку градови. Силниот ветер во понеделникот ноќта искорнал повеќе дрвја и блокирал дел од патот меѓу Крује-Фруш-Крује во месноста Краста. Локалните медиуми јавија дека патот е непрооден за возила.

Од друга страна се јавува за „алармантна состојба“ во неколку села во Круја каде се поплавени куќи и дворови. Најмалку десет села во тој регион се поплавени.

Поплавени се и делови на Тирана, каде медиумите јавија дека три училишта биле поплавени.

„Поради обилните дождови поплавени се три основни училишта во Тирана. Заради тоа наставата е одложена на неодредено време. Општинските и службениците на Министерството за образование се на терен и работат на средување на состојбите“, објави министерот за образование Беса Шанини.