Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтер го потресе грчкиот остров Крит.

Според Институтот за геодинамика на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот бил на 62 километри јужно од Закрос на длабочина од 15.3 километри.

Грчките медиуми јавија дека земјотресот не предизвикал штети на Крит.