Трета по ред пратка на кокаин во две недели, чија крајна дестинација требало да биде Албанија, запленија царинките служби во пристаништето Фрипорт на Малта.
Станува збор за 144 килограми кокаин, пакувани во 120 пакети, скриени во три контејнери, чија вредност се проценува на околу 15,7 милиони евра. Дрогата во Малта пристигнала од Јужна Америка.
Двата контејнера, со 48 килограми кокаин во вредност од 5,4 милиони евра требало да бидат испорачани во албанското прстаниште Драч, додека еден контејнер со 96 килограми со вредност од 10,3 милиони евра, во Црна Гора.
Пред една недела во истото пристаниште беа запленети над 91 килограм кокаин, при што над 43 килограми требале да бидат испорачани во албанското пристаниште Драч, додека еден контејнер со 48 килограми во Солун, Грција.
Претходно властите во Малта во контејнер открија и заплененија 27 килограми кокаин, вреден 2,7 милиони евра, чија крајна дестинација, исто така, беше Албанија.
Од почетокот на годинава во пристаништето Фрипорт запленети се над 750,45 килограми кокаин, чија вредност на пазарот достигнува 83,9 милиони евра.
Comments are closed for this post.