Грчкиот пратеник во Европскиот парламент, Емануил Фрагкос упати навреди кон Македонија и македонските евроинтеграции, нарекувајќи го македонското барање за членство во Европската Унија „смешно“. Во своето
најново обраќање, тој ја обвини македонската држава за фалсификување на историјата, а истовремено упати и остри зборови кон грчката влада поради нејзината пасивност.
Европската Унија не смее да замижува, изјави пратеникот.
„Скопје бара европска интеграција. Тоа е смешно. Истовремено, тие продолжуваат да градат лажен наратив врз кражбата на грчката историја, додека неприфатливата грчка влада се занимава со други работи. Со децении Скопјаните ги узурпираат името, симболите и наследството на Македонија. Европската Унија не смее да замижува.
Не може да бара почитување на владеењето на правото, а истовремено да толерира фалсификување на историјата“, истакна Фрагкос пред европратениците.
Националистички пораки
„Скопје мора да разбере една едноставна работа: не може да се изгради држава без историски темели, со туѓи материјали на узурпирана парцела. Ние ќе инсистираме Скопје да не влезе воЕвропската Унија. Крај на толеранцијата. Крај на илузиите“, рече Фрагкос.







Comments are closed for this post.