Веста дека Грција ќе им дава пасоши на Македонците родени кај јужниот сосед ги врати сеќавањата за односите меѓу двете земји пред потпишувањето на Договорот од Преспа и негаторската политика на Грција кон населението кое било протерано за време на граѓанската војна.

 

Во 2008 година тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ покрена кампања за враќање на имотите на Македонците во Грција. Се процени се нивните имоти сега имаат вредност од околу 10 милијарди евра, најголем дел во северниот дел на Грција.

Има над 10.000 тужби и предмети поднесени од оштетените граѓани и нивните наследници. Голем дел од предметите беа префрлени од Европскиот суд за човекови права во Стразбур назад кон првостепените судови во Грција. Стразбур бара да се исцрпат сите правни лекови во матичната земја па дури потоа Европскиот суд да ги земе во разгледување

Правни пречки

Грчките власти сметаат дека имотите на лицата кои го напуштиле грчкото државјанство се конфискувани врз основа на нивните тогашни закони. Поради ова, голем број од тужбите во Грција се отфрлаат или се соочуваат со застој.

На повикот од грчката амбасада еден дел е посебно значаен, а тоа дека важи за „македонските граѓани кои имаат грчко потекло и би можеле да ги исполнуваат условите за добивање грчко државјанство“.

Ниту еден Македонец роден во Грција нема грчко туку македонско потекло и тешко дека некој во барањата за пасош би се согласил на ова.

Грција има потреба од вас. Зајакнете ја вашата врска со вашата татковина, стои во јавната објава на Амбасадата на Грција во Скопје.