Свечената церемонија на кревањето на знамето на НАТО пред Владата на безимената држава, која е во „процеп“ меѓу Република Македонија и Република Северна Македонија, ќе помине без присуството на врховниот командант на се уште АРМ, претседателот Ѓорге Иванов.

Од кабинетот на шефот на државата на прашањето на Пресинг Тв кратко одговорија:

Не е поканет.

Според предвидениот протокол за денешната свечена церемонија, Зоран Јанковиќ, шефот на НАТО канцеларијата за врски во Скопје ќе му го предаде НАТО знамето на премиерот Зоран Заев, а тој треба да им го врачи на АРМ, по што ќе почне кревањето на знамето со интонирање на химната на НАТО.