Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала околу 15 часот беше регистриран 17 километри јужно од Корча Албанија. Земјотресот бил почувтсвуван и во нашата земја во Охрид четири тепени, а во Битола три степени според Европската макросеизмичка скала.

Земјотресот го регистрира телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.