Со датум за преговори за ЕУ, како земја членка на НАТО, и со добри економски параметри, шансите на опозицијата на избори се никакви, истакна премиерот Зоран Заев од собраниската говорница на седницата за избор на нови министри и заменици министри.

Ние постоиме за државата, за неа работиме. Ќе го исполниме целиот мандат и до крајот на 2020 година ќе и дадеме на економијата да оди напред, испланирано и бројките ќе бидат уште подобри. Опозицијата тоа го знае. Со датум за преговори за ЕУ, како земја членка на НАТО, и со добри економски параметри, вашите шанси се никакви за изборите, рече Заев.