Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на Фејсбук објави дека е позитивен на вирусот Ковид-19. Кличничката слика, како што напиша на социјалната мрежа Фејсбук, му е добра, со благи симптоми и веќе е во домашна самоизолација.

Премиерот Зоран Заев кој заедно со него во неделата присуствуваш на конгресот на СДСМ, премиерот и претседателот на СДСМ за ТВ21 вели дека немал директни контакти со Спасовски надвор од протоколите, но и дека ќе направи тест за Ковид-19.

Немав директни контакти со Оливер Спасовски надвор од здравствените протоколи за лична заштита. Секогаш држевме дистанца и секогаш носевме маска согласно здравствените протоколи. Односно, додека еден зборува без маска на лицето, другите носат маска, иако се одржуваже и неопходната дистанца. Сепак, тест секако ќе направам, затоа што така е паметно и одговорно, рече Заев.