Претседателот на СДСМ Зоран Заев, претседателскиот кандидат Стево Пендаровски и кандидидатот за градоначалник, Никола Андонов, вечерва на трибината со жителите на Ново Село, повикаа на поддршка на единствената успешна опција за државата „Заедно Напред“.

Премиерот Заев рече дека е среќен што дава поддршка на двајца добри и чесни луѓе, кои се нафатиле да водат и повика на максимална сериозност и масовна излезност, за да продолжат позитивните промени во државата.

„Овде ќе се слави победа на новиот претседател на државата, Стево Пендаровски и на новиот градоначалник на Ново Село, Никола Андонов. Еве ќе бидеме членка на НАТО до крајот на годината, а ќе отпочнат и преговорите со ЕУ. Стево ќе го поддржи овој пат, а Ново Село треба да избере и градоначалник што го заслужува. Ветив и ќе држиме лекции по економија што граѓаните ќе ги почувствуваат дома и на животниот стандард“, рече Заев на трибината со жителите на Ново Село.

Ќе го поддржам влегувањето во НАТО, очекуваме до крајот на годината да станеме полноправна членка. Во јуни очекуваме почеток на преговорите си ЕУ, и тоа ќе го поддржам. Само со членство во НАТО и ЕУ се отвораат економските перспективи. Нашиот слоган е „Заедно Напред“, Напред е јасно, никој не сака назад, а Заедно мораме сите, затоа што ова е мултуетничко општество. И нема граѓани од прв и од втор ред, сите сме еднакви“, рече кандидатот за претседател на државата, Пендаровски.

Кандидатот за градоначалник, Никола Андонов, вети европска општина.

„Многу луѓе ме прашуваат зошто ти, што ти треба, ништо не ми треба, нрмам намера да правам кариера, да правам пари. Сакам да помогнам на општина Ново Село, гранична општина сме, меѓу европски општини, можеме и до фондови да дојдеме, да ја развиеме општината во убава европска општина“, рече Андонов.