Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила утрово околу 04,00 часот на крстосницата со булевар „Србија“, булевар „Јане Сандански“ и булевар .„В.С.-Бато“ во Скопје. Според информациите од МВР, сообраќајката се случила кога 34-годишна скопјанка изгубила контрола над возилото и излетала од патот.

М.И. и сопатникот Т.А. (42) од Скопје биле пренесени во Ургентен центар-Скопје, каде на М.И. и се констатирани тешки телесни повреди, додека кај Т.А. се констатирани телесни повреди.