Бирото за јавна безбедност работи на утврдување на околностите под кои осомничената Ива Михаилова успеала да избега во Бугарија, како и дали некој ѝ овозможил да се најде таму. Ова го изјави директорот на БЈБ, Александар Јанев, одговарајќи на прашање поврзано со нејзиното бегство.

„Ние работиме на тоа да дознаеме кој како и што овозможил за да дотичната личност да се најде онаму каде е“, рече Јанев.

Со ова, директорот на БЈБ потврди дека полицијата ги испитува околностите под кои Михаилова се нашла во Бугарија.

Јанев не соопшти дали досега се утврдени конкретни пропусти, ниту дали постојат сознанија за лица кои ѝ помогнале на Михаилова.