На премиерот Зоран Заев и неговиот министер за здравство Венко Филипче им минаа изборите во Штип за градоначалник, нивниот другар докторот Сашко Николов кој наместо да ги лечи граѓаните поита да седне во фотелјата на локален функционер, реагираа во вторникот од ВМРО-ДПМНЕ.

Мина уште една продлабочена верзија на оние мафијашки и талибански избори кои се одржуваа на 15-ти јули на кои гласаа и заболени од коронавирусот Помина уште една седенка во кафеана на челниците на СДСМ, иако, нели, постојат некои какви такви протоколи, но, и нели, за нив не важат. Филипче и Заев во целиот изминат период покажаа дека освен бизнис интересите и политичките функции кои ги користат во функција на своите интереси, граѓаните и нивното здравје воопшто не им се на агенда, а не да им се приоритет. И сега откако им помина игранката во Штип се измислуваат некои т.н. нови  мерки за справување со корона или мерки во стилот ‘по свадба тапани’, се вели во реакцијата

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека власта наместо да ги предупредува граѓаните дека секојдневно се починати по повеќе од 20 па дури и од 40 лица, какои дека бројката на новозаболените секој ден е околу 30 отсто од бројот на тестираните, дури по предвремените изборите за градоначланик на општините Штип и Пласница, а кои се одржаа на помалку од десет месеци пред редовните, ѝ „текнало“ на Комисија за заразни болести да предложи нови мерки кои наводно ќе помогнеле во сузбивањето на ширењето на епидемијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека Филипче и Заев „убедливо“ ги соборуваат антирекоррди на европските и на регионалните листи, според показателите на заразените и починатите во пандемијата од коронавирусот.

На европската листа Македонија е на врвот или сега петта во Европа по бројот  починати лица од корона на милион жители. Кога веќе објавуваат мерки потребно е Комисијата за заразни болести да ги каже епидемиолошките цели, заради кои што ги предлагаат мерките. Треба да се објави исто така за кое време се планира да се постигнат тие цели. Во спротивно се што прави Комисијата и Филипче е само пиар. Наместо одговорност, бесрамноста продолжува. Време е за одговорност! Време е за оставки, се наведува во партиското соопштение.