Гробарот Венко Филипче од ден на ден завива во црнина се повеќе семејства. Само во последното деноноќие има 20 починати лица. Филипче на душа носи 20 семејства на 20 починати лица само во едно деноноќие.
Филипче е способен само за црни рекорди. Бројката на новозаразени благодарение на неспособниот Филипче е 40 проценти од вкупниот број на тестирани, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека неспособноста на Филипче води кон се поголем број на новозаболени и се повеќе починати лица.

По Втората светска војна до денес Македонија не памети толку големи човечки загуби. Македонија се соочува со најголема смртност предизвикана од корона затоа што Филипче здравствениот систем го стави на колена. Филипче и предводникот на владата Заев покажаа дека можат да бидат само фабрика за смрт. Филипче и Заев покажаа дека не можат ништо добро да направат за граѓаните. Затоа Филипче оставка! Оставка на владата за спас на граѓаните, стои во соопштението на партијата.