Скопјани и оваа зима мака мачат со загадениот водух, покажуваат покажуваат податоците на страницата air visual.

Мерните станици вчера покажуваа висока загаденост и во Гостивар, Куманово, Штип, Струмица, Тетово, Охрид, Свети Николе.

Од скопските населби во црвено се најдоа Кисела Вода, Автокоманда, Ново Лисиче, Аеродром, каде загадувањето на воздухот беше неколку пати над дозволеното.

На првите три места вчера како најзагадени градови во светот беа Делхи, во Индија, Лахоре, Пакистан и на третото место Колката во Индија.

Утрово инаку мерните станици покажуваат дека воздухот најзагаден во Македонија е во Кавадарци, потоа следува Тетово и Кочани.

Додека пак најзагадени скопски општини се Карпош, потоа Лисиче и Центар.