Вчера коалициониот партнер на Зоран Заев со кого ја делат власта и криминалот, лидерот на ДУИ во интервју јавно соопшти дека Владата доставила понуда за нов договор до Бугарија за решение на спорот поради што овие денови очекувале одговор од бугарската страна, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека бидејќи очигледно се водат тајни разговори со Бугарија, без детали за новиот договор кој се нуди, го прашуваме Зоран Заев во кој дел од програмата на СДСМ пред изборите вети нов договор со Бугарија и кога престана неговото тврдење дека претходно постигнатиот договор е најдобар што можел да се постигне опишувајќи го тоа како огромен успех.

Од кого тоа доби дозвола да преговара и води тајни разговори и дали не се во игра и приватни бизнис интереси на Заев врзани со една банка, и други два вносни бизниси? Дали Заев нуди промена на Уставот?
А ако Заев е за зачувување на македонскиот идентитет и јазик како што формално тврди нека престане со тајните разговори, ајде да изгласаме декларација во Собранието по која ќе се водат преговорите со Бугарија.
Но, Заев бега затоа што Заев ветил работи кои што сега не знае како да ги исполни. Со измамникот Заев Македонија не е на сигурно. Тој во Софија ветувал се и сешто, од бизниси до отстапки и со тоа ги нарушил македонските позиции. А сега глуми патриот, иако не смее да каже ништо за навредите на Каракачанов.
Македонија е погазена од Заев. Од Македонија се бара невозможното заради Заев, се наведува во партиското соопштение.