Уставниот суд на Република Македонија на денешната седница едногласно одлучи да не поведе постапка за поднесените претставки за оценка на уставноста и законитоста на ДУП И10 во Општина Аеродром.

Постапката за донесување на ДУП, според Уставен, била спроведена согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање. Уставните судии укажа дека тие ја ценат постапката, а не содржината на планови или нивна усогласеност со други планови. Ос апект на Судот, ДУП И10 е согласно закон и Устав.

Претставката до Уставен за ДУП-от ја поднеле 12 физички и правни лица во 2017.

ДУП И10 во Општина Аеродром ја опфаќа локацијата кај Мајчин дом каде што треба да се гради деветкатна станбена зграда, на што реагираа локалните жители кои организираа и протести. По реакциите на јавноста, Општина Аеродром издаде 15-дневна времена забрана за изведување на градежните работи.

Од Општината претходно соопштија дека ги имаат доставено сите потребни документи и оти понатаму ќе постапува согласно одлуката на судот.

Претходното општинско раководство, предводено од ВМРО-ДПМНЕ, го донeсе ДУП И10 тајно и без дебата и директно ја овозможи изградбата на зградата кај Мајчин дом. Советниците од ВМРО-ДПМНЕ кои пред само една година го изгласаа спорниот ДУП, на 15-та седница на Советот на Општина Аеродром побараа негова ревизија и мораториум, се наведува во соопштението од Општина Аеродром.

Во однос на мораториумот за градење, Општина Аеродром останува на ставот дека тој воопшто нема да го реши проблемот, туку само дополнително ќе ја искомпликува целата состојба.