Тензично попладнево на протестот против изградба на станбено деловен објект на зеленилото пред Мајчин дом во општина Аеродром.

Граѓаните кои протестираат се собираат околу тарабите со кои е заградена парцелата.

Околу тарабите стојат полицајци, а дел од граѓаните повремено удираат по тарабите.

Граѓаните кои протестиратат велат дека според нивните сознанија ќе се гради тринаесеткатница, а не како што тврди градоначалникот деветкатница.

Градоначалникот на општината претходно на прес-конференција рече дека ги поддржува граѓаните, но оти нема што да прави за да ги смени работите.

Ситуацијата со парцелата пред Мајчин дом е затекната и наследена, се обидовме на сите начини да ја смениме, но не успеавме, тврди Марин.

Оние кои излегоа на протести не се убедени во она што го кажа градоначалникот.

Од протестот испратија порака „Криминалци марш од Аеродром“ и бараат оставка од Марин.