Дваесет и три годишно момче од струшкото село Поум денеска доцна попладне починало од истрели од огнено оружје.

Според информациите од СВР Охрид, настанот се случил денес околу 18.40 часот, кога лицето У.В. (роден 1997) од с.Поум пукал кон З. Б. (1996) и В. Б. (1973) како и кон други лица, пренесува Алсат М.

23-годишниот З. Б. починал, а В. Б. е пренесен во општата болница во Струга.

Лицето кое што пукало У.В. како што изјавиле од полицијата, сам се пријавил во Полициската станица во Струга.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.