Во скопската населба Карпош, во близина на ТЦ Лептокарија попладнево во 18 и 30 часот дошло до оружена престрелка во која, како што пренесуваат медиумите, пукотници си размениле лица од две возила.

За среќа нема пријавено повредени граѓани. Од МВР само го потврдија случајот без да откријат повеќе детали.

Според првичните неофицијални информации нема повредени иако не е исклучена можноста да има ранети меѓу учесниците во престрелката.

Полицијата е на терен и врши увид.