Полиција дошла во домот на екс претседателот на Собранието Трајко Вељановски, со цел да го приведе за настаните од 27 април, објави 1ТВ.

Покрај пратеникот Вељановски, денеска во обвинителството за крвавиот четврток приведени се уште двајца осомничели, со иницијали М.Ј и С.Р, за кои засега не се открива идентитетот, пишува Фокус.

Според медиумиот, од обвинителството биле информирани дека во моментов се трага уште по две лица, за кои исто така не се открива кои се.