Денешното судско рочиште за настаните од 27 април е одложено зошто двајца од обвинетите, поранешниот парламентарен спикер Трајко Вељаноски и поранешниот министер за образование Спиро Ристоски, се наоѓаат во изолација. Како што беше соопштено во судот, тие се во изолација откако нивни блиски лица се потврдени како позитивни на ковид-19.

Обвинетиот Ристовски е во изолација до 22 октомври поради тоа што лица од неговото семејство се позитивни. Исто така, член на семејството на Вељаноски е позитивен, па и поранешниот спикер мора да биде во излолација.

Адвокатот Дончо Наков на судот му напомена на честите судења на Миле Јанакиески. Тој често има по две судења во судења во ист ден а згора на тоа на неговите адвокати не им се дозволува да имаат замена.

Минатиот пат го влечеа дали да оди лево или десно, на први или на трети кат, напомена Наков.