Што сте запнале со тој датум? Па имате толку многу проблеми. Во Струга градоначалникот се однесува скандалозно, УНЕСКО ќе ви го одземе статусот на Охридско Езеро, имате толку многу корупција, се менуваат директори на школи на дилетантски начин, блесаво е да барате датум за преговори овој период, имате толку многу проблеми, ќе треба уште да работите за да бидете спремни за датум, чудна ми е таа ваша опседнатост со датумот! Ние не треба да ве оставиме изолирани без пат кон ЕУ но не треба ниту да ви прогледуваме низ прсти, изјави францускиот амбасадор Тимоние на конференцијата “Како понатаму? Реформите на јавната администрација по јунскиот Европски совет”.
На ова модераторот Васко Попетревски направи споредба со Србија и Црна Гора.
Добро ако ние не сме спремни, како тогаш Србија преговара, а владее режим на Вучиќ, како Црна Гора преговара кога немало политичка промена на власта 30 години?!“, запраша тој
Амбасадорот на Франција одговори дека такви грешки нема да се прават во иднина.
Па еднаш се изглупиравме, по вторпат нема да се изглупираме. Тезите дека еве ќе почнеме преговори па после додека преговараме ќе се реформираме, веќе не држат. Нема да се случи тоа, треба да разберете, имате многу проблеми и не треба да се правиме слепи пред нив, одговори францускиот амбасадор.
Comments are closed for this post.