Поранешниот советник во министерството за финансии Бранимир Јовановиќ тврди дека вицепремиерот Кочо Анѓушев требало прв да биде сменет од владата. Како што објави Сител во смс порака им одговорил дека мислел на Анѓушев кога објавил на Фејсбук дека од метлата во требало прво да бидат зафатени оние кои работеле за личен интерес и местеле тендери. Јовановиќ го објави ова по одлуката на премиерот Заев за владина реконструкција и смена на министерот за финансии Драган Тевдовски.

Не знаев за сменава кога јас се повлеков, и воопшто не ја очекував. Мислев дека “метлата” требаше да ги фати оние кои работеа за личен интерес наместо за јавниот, оние кои местеа милионски тендери, оние кои трошеа државни пари а ништо не работеа…, напиша Јовановиќ

Анѓушев пак, вели дека обвинувањата се наргументирани.

Одлуката за реконструкција, односно кои министри треба да се заменат ја донесе мандатарот во координација со полтичките партнери и истата ја соопшти во јавност.  Немам намера да коментирам ниту пак да навлегувам во мотивите на дадената изјава која ми ја пренесовте, која е неаргументирана, смета Анѓушев.