Заедничкиот кандидат за претседател на владејачката коалиција, Стево Пендаровски, пријавил во полиција дека го следат луѓе од тајна служба, блиска до опозицијата.

Пендаровски, вакво нешто соопшти деновиве во неколку телевизиски интервјуа, по што МВР побара од него да поднесе пријава доколку има сознанија дека некој го следи.

Во пријавата се наведува дека непознати лица го следеле и го фотографиле, по што ги објавувале тие фотографии на социјалните мрежи, непосредно откако тој ќе се појавел таму.