Нова група од 149 граѓани од Авганистан пристигна доцна синоќа на Меѓународниот аеродром во Скопје. Како што информираат од владината прес-служба, станува збор за стипендисти на Фондациите Отворено општество и граѓани кои работеле во меѓународните мисии за развој на демократијата во Авганистан, како и членови на нивните семејства.

Граѓаните ќе бидат привремено сместени во Скопје додека не се обезбеди трансфер до нивната крајна дестинација, додека трошоците во целост се покриени од меѓународните организации.

-По слетувањето доцна синоќа беше спроведена стандардна процедура, безбедносна проверка и заштита, медицинска поддршка, ПЦР тест и можност за вакцина. Црвениот крст им подели хигиенски пакети и облека, а дополнително и за лицата кои претходно пристигнаа во Македонија, Црениот крст дистрибуираше дополнителни средства за хигиена, зимска облека и обувки, се вели во соопштението.

Република Македонија, се вели во соопштението од владината прес-служба, останува посветена како дел од меѓународната хуманитарна акција за помош на граѓани од Авганистан кои во изминатиов период работеа на подобрување на човековите права, демократијата и мирот и досега во земјава на привремен престој пристигнаа вкупно 450 граѓани на Авганистан