Она што се очекуваше и се оствари. Судот во целост го прифати барањето на обвинителот Бурим Рустеми. Заканите кои ги упати на денешното рочиште обвинителот во случајот „Топлик“ се исплатеа. Сите докази на обвинетите судот во  целост ги одби, токму онака како што претходно побара Рустеми.

Тој им се закани на вештаците предложени од одбраната  дека ќе им поднесе кривични пријави затоа што изготвиле наводно вештачења кои не се согласуваат со наводите на Обвинителството.

Обвинителството сака вештаците да имаат извештај по мерка на  ЈО  и на Рустеми и да се совпаѓа со нивните тврдења. Прифатен е единствено вештакот Тунџев и тој во вторник треба треба да се појави на рочиштето. Тој вештак за обвинителството е според бидејќи во периодот кога го правел вештачето лиценцата му била истечена а згора на тоа бил и директор на Агенцијата за катастар.

Кој е Бурим Рустеми

Бурим Рустеми е поранешен обвинител во СЈО. Тој стана познат по сведочењето на неговата поранешна колешка од СЈО, Лиле Стефанова во случајот „Рекет“.

Во улога на сведок таа рече дека Рустеми во предметот „Империја“ му овозможил на Сашо Василевски“ поранешен јавен обвинител, пратеник од СДСМ и директор на МЕПСО да купи стан од над сто квадрати за 80.000 евра од стечајната маса на една од фирмите кои се најдоа во предметот. Рустеми исто во улога на сведок на предметот „Рекет“ а потврди купопродожбата на станот со образолжение дека неговата вредност му изгледала незначителна во одност на вкупната сума што се спонувала во „Империја“.