На денешното рочиште во случајот „Топлик“ се случи скандал поврзан со обвинителот Бурим Рустеми. Тој им се закани на вештаците предложени од одбраната  дека ќе им поднесе кривични пријави затоа што изготвиле наводно вештачења кои не се согласуваат со наводите на Обвинителството.

Во превод, Обвинителството сака вештаците да имаат извештај по мерка на  ЈО  и на Рустеми и да се совпаѓа со нивните тврдења.

Случајот „Топлик“ е заглавен и не се гледа скора завршница бидејќи Обвинителството нема никакви уверливи докази.

На минатото рочиште Рустеми бараше да не биде прифатен ниту еден сведок или вештачење на одбраната.

Дополнителносмета дека не треба да има економско вештачење иако основа на предметот е економска штета.

По ваквиот настап на Рустеми логично е да се постави прашањето дали дали неговите закани во овој случај се оправдување за тоа што е унапреден во Вишото Овинителство.

Кој е Бурим Рустеми

Бурим Рустеми е поранешен обвинител во СЈО. Тој стана познат по сведочењето на неговата поранешна колешка од СЈО, Лиле Стефанова во случајот „Рекет“.

Во улога на сведок таа рече дека Рустеми во предметот „Империја“ му овозможил на Сашо Василевски“ поранешен јавен обвинител, пратеник од СДСМ и директор на МЕПСО да купи стан од над сто квадрати за 80.000 евра од стечајната маса на една од фирмите кои се најдоа во предметот. Рустеми исто во улога на сведок на предметот „Рекет“ а потврди купопродожбата на станот со образолжение дека неговата вредност му изгледала незначителна во одност на вкупната сума што се спонувала во „Империја“.