Дијалогот на политичките партии во парламентот насловен „Жан Моне“ продолжува денеска во Собранието. Клучни теми за дебата се собранискиот Деловник, самостојно внатрешно обезбедување на парламентот и финсиска независност на законодсавниот дом. Заедно со пратеничките групи се и тројцата европратеници задолжени за Македонија Едуард Кукан, Кнут Флекенштајн и Иво Вајгл.

Состаноците кои се одржуваат во македонскиот парламент се всушност продолжение од ланскиот „Жан Моне“ дијалог инциран од Брисел. Европратениците денеска ќе имаат средба со собранискиот спикер Талат Џафери, додека пак, на сесиите ќе има претставници од 8 пратенички групи, меѓу кои и на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Главна тема ќе биде продолжение на преговорите за собранискиот деловник. Власта и опозициијата постигнале согласност за најголем дел прашања поврзани со конститутивната седница, според договореното, конститутивната седница ќе трае најмногу два дена и со неа ќе претседава најстариот пратеник.

Талат Џафери закажа прес-конференција за вечерва на која треба да ги сумира дводневните разговори.