Премиерот Зоран Заев денес попладне, како што најави во петокот, треба во Собранието да го го достави предлогот за реконструкција на Владата. Ккао што претходно кажа, денес ќе ги соопшти и деталите околу имињата и ресорите. Оваа најавена владина реконструкција, како никогаш до сега чува во најстрога тајност. Речиси и да не протече некое конкретно име кој ќе биде реконструиран, иако досега новинарите преку свои извори обезбедувале барем по две-три сигурни имиња на министри кои ќе летаат од кабинетот, и на тие новите кои ќе седнат во министерските фотелји. Овој пат такво нешто не се случи, па затоа јавноста со натрпение очекува денес нешто повеќе да се дознае за имињата кои ќе ќи фати „метлата“.

Инаку, премиерот Заев во својот кабинет има 5 заменици, вицепремиери:Радмила Шекеринска, која е и министерка за одбрана, Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, Кочо Анѓушев, задолжен за економски прашања, Бујар Османи, задолжен за европски прашања и Хазби Лика, задолжен за спроведување на Рамковниот договор.

Османи и Лика се споменати во некои од таканаречените „бомби“ на извесниот Ел Чека, па од тука и прашањето – дали тие ќе влијаат на идната кариера на двајцата соработници на Заев?

Долг е списокот на министри – Заев ги има вкупно 25 во 15 министерства. Плус тука се и 7 без ресор, кои имаат посебни задолженија. Еден од нив претходно беше заменет со свежа крв во ресорот за ловење странски инвестиции, но дали со само едно име завршува интервенцијата во седумте безресорски министри, или и некој од нив ќе го фати метлата?

Заев предлогот за новиот кабинет во Собранието требаше да го достави во петокот, но тоа го одложи за денес.

Нашата земја денеска, утре и во недела претпладне е домаќин на Конституенцата на повеќе од 15 министри за финансии, гувернери, тројца потпретседатели на Светската банка и двајца потпретседатели на Меѓународниот монетарен фонд. Сакаме да се покажеме во најдобро светло и тоа е главната причина. Одлуките се донесени и во недела попладне ќе ги доставам до Собранието материјалите за сите промени што ќе се случат во Владата“, изјави Заев во петокот.

Седница на парламернтот е закажана за утре, а според најавите од Заев, тој очекува во вторник да се заврши гласањето за новиот состав на Владата.

Паралелно со ова, како што истакна, се работи и на вториот бран со кој треба да бидат опфатени директори и членови на управни и надзорни одбори во јавните претпријатија.

Во однос на промените што се прават внатре во Социјалдемократскиот сојуз, Заев информира дека останува да се именуваат потпретседателите на партијата и уште 20-тина претседатели на општинските организации на партијата.