Министерот за економија, Крешник Бектеши, за „Слободен печат“ потврди дека дискотеката „Привилиџ“, пред која беше убиен хрватскиот ракометар Денис Тот, немала лиценца за работа.

-Државниот пазарен инспекторат може да излезе на терен и да провери околу ова, додаде Бектеши.

Од државниот пазарен инспекторат за „Слободен печат“ најавија дека повторно ќе постапат за овој ноќен клуб, иако и претходно постапувале.