Методија Димовски е назначен за нов генерален секретар на Владата на денешната владина седница, потврдија од Владата за МИА.

Димовски е член на Инспекцискиот совет од областа на животна средина и заштита на здравје на луѓето, а досега работел на повеќе работни и раководни места во јавната администрација, во меѓународни организации и како независен консултант.

Изборот на Димовски доаѓа откако Мухамед Зеќири си поднесе оставка по покренато обвинение за него  за злоупотреба на службена положба