Професорката Гордана Силјановска во образложението на предлог законот за ЈО истакна дека процедурите се гаранција за демократија и оти пратениците треба да гласаат по сопствено убедување и треба да ги претставуваат граѓаните а не партиите.

Според неа, европското знаменце за овој закон погрешно се толкува.

-Европското знаменце е важно, но вистински ќе се легитимиравме ако го пратевме во Венецијанската комисија и да добиевме позитивно мислење-истакна професорката.