Новинарот на италијанска „Ла Верита“, Ларис Гејсер продолжува со објавување на доказите во случајот со изборен поткуп во 2014-та година каде првоосомничен е токму екс премиерот Зоран Заев. Заев заедно со неговит брат Вице и пратеникот на СДСМ од Струмица Марјан Даскаловски се товарат за злосторчничко здружување кое имало за цел преку поткуп да влијае врз волјата на гласачите, а на тој начин и на изборниот резултат во полза на СДСМ.

Осомничените Зоран Заев, роден на 08.10.1974 година во Струмица со место на живеење на ул. „Младинска“ бр… Струмица, Вице Заев роден на ….година во Струмица со место на живеење на ул. „Браќа Миладинови“ бр…. и Марјан Даскаловски, роден на 04.05.1964 година, роден во Василево Струмица живее на ул. Маршал Тито бр… Струмица, создале криминална група со цел преку нудење на поткуп да изврешат влијание врз волјата на гласачите, а со тоа да влијаат и над конечниот резултат од гласањето за време на претседателските и парламентарни избори во 2014 година во корист на политичката партија СДСМ, стои во обвиението кое никогаш официјално не било покренато.

Ова обвинение беше затворено под сомнителни околности во 2018та година од страна на Рускоска.

Македонската јавност на парламентарните избори во 2016-та година беше вчудоневидена од бројот на гласови кои што Заев ги освои во мнозински албанските средини како Арачиново, Тетово, Гостивар, но очилгедно дека процесот со купување на албаски гласови отпочнал од многу порано уште во 2014-та година.

Купени 5 илјади албански гласови

Од она што може да се види и слушне на доказите кои ги објавува италијанска „Ла Верита“, од поранешен командант на УЧК, Заев купил 5 илјади гласови! Во неколку извадоци од документот има и телефонски разговор помеѓу Захир Беќири – Чауш, кој го советува Заев да исконтактира со екскомандантот на УЧК Изаир Самиу Баци, кој живее во Тетово.

Според Чаушот, командантот на паравојската на СДСМ ќе му донесе 5.000 гласови. Чауш имал директна комуникација со шефот на СДСМ, бидејќи во тоа време се сметал за еден од неговите најблиски соработници . Тој го губи своето влијание откако за време на претрес во 2016 година полицијата наоѓа кај него дома околу 30.000 лажни документи меѓу кои пасоши и лични карти, но и панцири и оружје.

Во документите кои ги поседува обвинителството стои дека Беќири го информирал Заев дека Изаир Самиу Баци може да му биде од помош, и подвлекол дека неговото присуство може да му овозможи придобивање на дел од албанските гласачи во однос на лидерите на ДУИ и ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи, коишто ќе се уплашеле од командантот Баци.

Во операцијата според Ла Верита покрај Чаушот и Заев и учестувал и актуелниот градоначалник на општина Центар, Саша Богдановиќ попознат под прекарот Српче.

Сопругата на Беќири во тоа време работела во ПОЦ, каде директорувал Српче, а Богдановиќ имал и директна комуникација со Беќири.