Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов истакна дека не практикува во политиката да употребува популизам, во одговор на новинарско прашање околу капиталните проекти реализирани за време на неговиот мандат.

– Мислењето дека кој било градоначалник треба да гради капитални проекти е фараонско размислување. Ние не сме фараони  да градиме пирамиди во своето владеење, ние сме градоначалници избрани да раководиме со градот – истакна Шилегов