Македонската асоцијација на новинари (МАН) ги известува сите медиумски работници кои се вакцинираа за заштита од Ковид-19 на 23 март 2021 година со вакцината АстраЗенека во ЗЈЗ Врање, дека ревакцинацијата ќе биде на ден 15 јуни 2021 година.

– Според официјалните информации од здравствените власти на Република Србија до Здружението на новинари на Србија (УНС) и до МАН, ги известуваме сите медиумски работници од Македонија кои се вакцинираа за заштита од Ковид-19 во Врање на 23 март 2021 година, дека за ревакцинацијата ќе биде на 15 јуни 2021 година, во Врање.

Сите кои имаат потреба од организиран превоз, да се пријават на емаил адресата man.makedonija@gmail.com за да може навремено да се обезбеди организиран превоз од Скопје до Врање и назад, најдоцна до 11 јуни 2021 година.