По прес конференцијата на опозициската ВМРО ДПМНЕ на која предупредија дека постојат индиции дека СДСМ подготвува поткуп на гласачи, со реакција се огласи владеачката СДСМ.

Надлежните институции се на висина на задачата и гарантираат организирање на фер, слободен и демократски референдум.

Правото на глас е загарантирано и неприкосновено и секој вид на притисок, уцена и закана врз избирачкото право ќе биде соодветно санкциониран.

Како што се ближи датумот за референдум, станува се појасно дека Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ не сакаат Македонија да успее и работат против иднината на Македонија и нејзините граѓани, стои во реакцијата испратена од СДСМ.