Постојат сериозни сомнежи и индиции дека СДСМ подготвува масовен поткуп на гласачи за референдумот, соопшти денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

Барањето на Заев да се исплаќаат пари за откажување од сопствениот идентитет освен во приватните компании, постојат сомнежи дека ќе се практикува и во државни институции. Кружат информации дека раководители ќе делат награди и бонуси само за граѓаните да се откажат од името, рече Арсовски