Домашната МОСТ како и ОБСЕ и ОДИХР референдумот во недела ќе го следат со помал број набљудувачи во споредба со парламентарните избори во 2016 година.Бројките покажуваат дека домашната МОСТ за изборите во декември 2016 година акредитирала 3.300 набљудувачи додека пак за гласањето в недела речиси довјно помалку-1882.

Pressing Tv“ го контактираше првиот човек на МОСТ, Дарко Алексов на што се должи ова намалување и дали можеби сега помалку се сомневаат во изборни нерегуларности отколку на изборите. Одговор не добивме.

Намалување за околу десет проценти е забележано и кај мисијата на ОБСЕ и ОДИХР. Во 2016 тие ги набљудувале изборите со 300 набљудувачи додека пак референдумот ќе го следат со 270.

Официјалната бројка од ДИК на акредитирани домашни набљудувачи е 11.907, на странските набљудувачи е 493.

Набљудувањето на изборниот процес беше тема за препукување помеѓу власта и опозицијата откако спикерот Џафери се изјасни дека Собранието поради немање средства нема да номинира свои набљудувачи и дека им веруваат на ДИК и на ОБСЕ.На тоа возврати Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев смета дека власта со ваквите чекори фрла огромна црна сенка врз декларативните заложби за фер и демократско изјаснување на граѓаните на претстојниот референдум.

ДИК согласно закон, испрати барање до Собранието на Република Македонија, истото да номинира набљудувачи кои ќе го следат референдумот, за што Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ официјално побара од Џафери да номинира набљудувачи. Не треба да се потсетува дека станува збор за едно од најважните прашања за Македонскиот народ. Станува збор за гласање на кое фалсификувањето на избирачката волја на Македонскиот народ, ќе значи дефинитивно бришење на идентитетот и вовед во фалсификување на Македонската историја, традиција и култура