Денешниот настап на Владимир Ѓорчев е лажен, лицемерен и неискрен кон граѓаните, возврати преку соопштение владејачкиот СДСМ.

За какви егзодуси и евакуации на граѓани зборува, како што стои во соопштението, антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, кога токму поради нивните криминални, антидржавни расипнички политики протераа над 600.000 граѓани за време на нивното криминален режим.

Според СДСМ, Влатко Ѓорчев е 20-тина години дел од ВМРО-ДПМНЕ и исто толку години ги поддржува погубните политики на неговата партија поради кои 600.000 граѓани се „протерани од својата држава“. Доколку сакаше, Ѓорчев во овие 20 години ќе придонесеше за намалување на иселувањето на граѓаните.

Растот на БДП, намалувањето на невработеноста, растот на минималната плата, растот на пензиите, зголемената социјална помош и опфатот на поголем број на лица од ранливите категории се потврда за грижата кон своите граѓани и потврда дека Македонија се движи напред, се вели во соопштението на СДСМ.