Колку големo жртвување, колку соништа, колку напори, колку мачење низ векови за да се дојде до овие денови на слободата, независноста, на војската, на рамноправноста и перспективата. Потсетувајќи се на борците низ годините, мачениците, ветераните, дејците, патриотите, им честитам на сите граѓани за ова монументално постигнување, пишува лидерот на ДУИ, Али Ахмети во честитката до Косово.

Во честитката Ахмети додава:

Војската на Косово е и темел на мирот и стабилноста на целиот наш регион со евроатлантска перспектива и од денес, не само Косово , туку цела Југоисточна Европа добива уште еден сојузник  во борбата за изградба на западните демократски капацитети во нашите земји, достојни за интеграција во НАТО и Европска Унија. Демаркацијата на границата помеѓу Косово и Србија, меѓусебното признавање, отворањето на пристапните преговори за членство во ЕУ на Македонија и Албанија, нашето членство во НАТО и спроведувањето на Преспанскиот  Договор, заедно со владеењето на правото во нашите земји, се предизвици пред нас.