На денешната средба на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ за законите за Јавното обвинителство не е постигнат напредок по прашањето за иднината на СЈО и неговиот мандат.
Меѓутоа, како што објави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски партијата во Собранието ќе го напаѓа предлог-законот, кој го поддржа и ДУИ, со амандмани.
Има волја кај двете страни да продолжи дијалогот за законот за обвинителство за да ги приближиме ставовите и да ги доставиме во заеднички предлог текст или преку амандман на текстот на законот, кој е усогласен сега меѓу СДСМ и ДУИ“, изјави Милошоски.
Тој го повтори ставот дека нивните предлози се во согласност со меѓународните стандарди и дека тие остануваат на позицијата дека не може мандатот на истражителите и обвинителите во СЈО, да биде подолг од тој на Катица Јанева.
Министерката за правда, Рената Дескоска изјави дека не е постигнат напредок за новиот закон за јавното обвинителство кој утре влегува во собраниска процедура. Таа додаде дека останува клучната разлика, а тоа е статусот на предметите на СЈО.
Власта, како што кажа, застапува став кој е преточен и во законот, дека СЈО треба да се спои со Обвинителството за организиаран криминал и корупција, а почнатите предмети од специјалните обвинители да продолжат да се процесуираат.
За статусот на обвинителите од СЈО, се предлага на тие на кои им завршува мандатот тој да не се продолжува, но на оние на кои уште им трае да продолжат да работат.
За вработените на неопределно време во СЈО, е предвидено да нема законско прекинување на работниот однос. Истражителите, пак, треба да се префрлат во Обвинителството за организиран криминал или да одат во МВР.
Comments are closed for this post.