Македонија и Србија се блиски и пријателски земји со традиционално добри односи, земја со која немаме отворени прашања, оцени по денешната средба макеоднскиот премиер Зоран Заев.

Заеднички сме посветени на унапредување на регионалната соработка, забрзување на интеграцијата на целиот регион во ЕУ врз основа на индивидуални заслуги на секоја заемја поединечно“, изјави Заев.

Тој посочи дека се работи на итензивирање на интеграциите и соработката на земјите на сите нивоа. Во таа насока, според Заев, е и денешното потпишување на три спогодби и заедничкото управување на граничниот премин Табановце – Прешево, со што, како што рече, дваете земји заедно исполниле уште една обврска за интеграција на земјите во ЕУ, на регионално и европско ниво.

За унапредување на односите сведочи, како што рече македонскиот премиер, и подобрувањето на трговската размена меѓу двете земји, унапредувањето на соработката во областа на туризмот, договорите за заеднички настап на трети пазари. Трговската размена била зголемен за 10,7 отсто, а размената на стоки и услуги достигнала вредност од милијарда евра.

Наша трајна и непоколеблива заложба е да ги решаваме сите отворени прашања во регионот преку инклузивен дијалог во интерес на сите граѓани, со цел задржување на трајниот мир, развој на демократијата, економијата и животниот стандард на граѓаните, истакна на прес-конференцијата премиерот Заев.

Регионалната соработка во овој момент се соочува со предизвици, да го следиме патот премостувајќи ги бариерите кон слободна трговија, послободен проток на граѓани, стоки, услуги, да се насочиме кон иднината, а многу помалку на она што се случуваше во минатато, е заедничката порака што ја пренесе на прес-конференцијата српската премиерка Ана Брнабиќ.

Таа изрази надеж дека вакви и слични спогодби во иднина ќе потпишуваат со сите останати земји односно економии од регионот бидејќи, оцени, само така ќе се обезбеди економски просперитет на регионот.

Отворањето на преговорите на ЕУ со Северна Македонија ќе придонесе за регионалната безбедност, рече таа.