Бизнисменот Орце Камчев се вратил од Бугарија во Македонија и утринава бил во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција каде пред обвинителката Вилма Рускоска дал исказ како сведок за случајот „Рекет“, објави „Фокус“.

Од Обвинителството ја потврдуваат информацијата дека Камчев давал исказ во својство на сведок. Таму веќе имаат негов исказ дадан на 2 мај годинава, кога, всушност, и го пријавил случајот.

Изминатите неколку дена медиумите пишуваа дека Камчев е надвор од Македонија и дека престојува во Бугарија.