Во среда на пладне пред зградата на Основното јавно обвинителство ќе се одржи протест за поддршка на Моника Ристеска активистка која се залага за легализација на канабисот. Таа во повеќе наврати на јавни места пушеше марихуана. Во понеделник беше приведена поради поседување коноп. По ноќ минатаа во полициска станица на Ристеска и беше одреден притвор. На протестот ќе се побара нејзино ослободување и легализирање на конопот за лична употреба.

Активистката за легализација на конопот за лична и медицинска употреба, Моника Ристеска доби 30 дена притвор за 30 мл. масло од коноп и 15 грама коноп.  Луѓето кои се залагаат за декриминализација на коноп за лична и медицинска употреба не смеат да ги полнат затворите, туку државата треба да ги чуе нивните аргументи и заедно со нив да изготви поповолни законски решенија со кои ќе се овозможи употреба да конопот за реакреативни цели, а ќе се унапреди пристапот до лекови од канабис за медицински цели. Време е гласно да застанеме зад оваа идеја која е реалност во многу земји, додека во Македонија уште не третираат како криминалци за џоинт, се вели во повикот за протестот.