Судија на претходна постапка го прифатри предлогот на ОЈО Скопје за определување на мерка притвор за Моника Ристеска, активист за легализација на канабисот на која и е одреден триесет дневен притвор.

Таа ќе биде спроведена во затворот Скопје каде ќе ја чека жалбената постапка пред кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 Скопје.

Здружението за канабис и зелени политики БИЛКА Скопје со огромен револт ја осудува денешната одлука на Основниот суд Скопје 1 Скопје да го прифати предлогот на Основното Јавно Обвинителство Скопје за определување на мерката притвор за Моника Ристеска, активист за легализација на канабис и човек кој помогнал на бројни македонски граѓани кои имаат состојби каде канабисот е апликативен. Даваме полна поддршка на Моника и апелираме да биде веднаш ослободена, а органите на прогонот да се позанимаваат со вистинските криминалци. Недопустливо е во услови кога државата овозможува мултимилионски бизнис на правните лица, активистите и уживателите да лежат по затвори, објавија од Здружението за канабис и зелени политики „Билка“, чиј основач е токму Ристеска.

Од Здружението за утре точно на пладне пред обвинителството најавуваат протест за како што велат : „ изразување на нашето незадоволство и искажување на нашата поддршка за неправедно затворената Моника“.

Активистката Ристеска минатат ноќ ја помина во полициска станица во Автокоманда,откако претходно полицијата од Оделот за недозволена трговија и шверц на дрога изврши претрес во нејзиниот дом.

Ристеска е еден од најактивните активисти за легализација на канабисот и негова широка употреба во медицината. Активистката беше приведена бидејќи на јавно место пушеше марихуана, а потоа беше пуштена.