ВМРО-ДПМНЕ бара градоначалникот на Аеродром Златко Марин да поднесе оставка поради изградбата на зградата кај Мајчин дом.

Градоначалнику Златко Марин, доколку имаш малку образ и чест поднеси си неотповиклива оставка! Ги излажа граѓаните! Цел Аеродром гледа колку си неспособен. Им ветуваше се и сешто на аеродромци само за да ги добиеш нивните гласови, а сега се правдаш дека си немоќен, се вели во реакцијатана ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Марин.

Тие потсетуваат дека главно предизборно ветување му беше дека градежната експанзија на сметка на зелените површини ќе биде запрена, а сега гледаме дека не само што не е запрена, туку е зголемена.

Твојата констатација дека си немоќен е апсолутно точна, бидејќи наголемо се зборува за сомнителни договори со кои што ти се врзани рацете од градежната мафија. Тоа е причината зошто треба да си заминеш , уште веднаш, се вели во реакцијата