На локалните избори ВМРО-ДПМНЕ е претставена од брилијантен млад тим полн со енергија, смета претседателот на ЕНП Доналд Туск. Тој упати порака за поддршка до опозициската партија на пет дена пред одржувањето на изборите во Македонија на кои се бираат нови градоначалници.

Како ваш посветен и лојален сојузник, сега и секогаш Ве повикам да излезете на изборите и да го дадете вашиот глас за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ.Ја поддржував вашата земја како премиер на Полска и како претседател на Европскиот совет, ве поддржувам денес и ќе продолжам да Ве поддржувам и во иднина. Ги заслужувате највисоките стандарди, почит и ефикасна држава. Навистина сум импресиониран од позитивните промени кои се случуваат во ВМРО-ДПМНЕ под лидерството на Христијан Мицкоски. На локалните избори, партијата е претставена од брилијантен млад тим полн со енергија. Се работи за нови луѓе во светот на политиката кои се истовремено чесни и компетентни. Се работи секако за Ваш избор, но како Ваш пријател кој секогаш ги поддржува Македонците во нивните напори за подобра иднина сакам да ви кажам дека доколку јас гласав со Вас на овие избори, без задршка ќе го одберев ВМРО-ДПМНЕ. Секако одлуката е ваша. Вашата иднина е во ваши раце – вели Туск во неговата порака.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упати благодарност до Туск, посочувајќи дека сите заедно ќе создадат нова иднина за Македонија.

Благодарност за поддршката од најголемото политичко семејство во Европската Унија, EPP – European People’s Party и нејзиниот Претседател Donald Tusk, кој е и поранешен премиер на Полска и претседател на Европскиот совет.
ВМРО-ДПМНЕ се бори за ЕУ која ќе овозможи иднина за сите луѓе во Македонија, за заедничките европски вредности, за наше идентитетско почитување што подрабира вреднување на нашиот јазик, на она што навистина сме, што се гледа и од самата поддршка на нашиот пријател Туск.
Заедно и одлучно, сите ние и нашите пријатели ќе создадеме нова иднина!