Денеска времето ќе биде сончево со умерена облачност.

Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на слаб и краткотраен локален дожд.

Минималните температури се движат од четири до 14 степени Целзиусови, додека максималните ќе бидат од 13 до 22 степени Целзиусови.

Во Скопје температурата ќе се движи од седум до 20 степени Целзиусови.