Нашите односи уште повеќе ќе се засилат преку заедничките заложби за мир, безбедност и просперитет, пишува на Твитер државниот секретар на САД по денешната официјална посета на Македонија. Тој во Охрид се задржа неколку часови од каде замина за Атина.

Дискутиравме за поддршката на САД за пристапувањето на Северна Македонија кон НАТО и ЕУ, имплементацијата на Преспанскиот договор и економскиот развој со претседателот Пендаровски покрај прекрасното Охридско Езеро. Нашите односи уште повеќе ќе се засилат преку заедничките заложби за мир, безбедност и просперитет, пишува Помпео во својот Твит кој од Охрид замина за Атина во официјална посета на Грција.

На премиерот Заев пак му порача дека е клучна борбата против корупцијата.

Да се справите со корупцијата е клучно за вашето пристапување кон ЕУ и НАТО, порача државниот секретар на САД, Мајкл Помпео на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев во Охрид.